Посетата на папата проследена со неодење на децата на училиште, со неработење на целата администрација, со ограничување на движењето на граѓаните, со присуство на полицијата на секој чекор од градот, со заварување на шахтите и тргање дури и на контејнерите како и безброј други тоталитаристички мерки за загрозување на слободата на граѓаните, накратко речено претставуваше незапамтена тортура врз населението, а само привремен неартикулиран и многу скапо платен пи-ар за државата и ништо повеќе.

Впечатливо е што расколничката МПЦ се подаде да биде искористена на штета на Православието и волно се стави во улога на марионета за да соучествува во тероризирањето првенствено на нејзините припадници!

Архирасколникот Стефан практично не беше домаќин, туку како тој да му беше дошол на гости на папата, па му отиде кај мајка им Тереза да се моли со него.

Инаку, 45 Апостолски канон вели:”Епископ, или презвитер, или ѓакон, кој ќе се најде заедно со еретици макар и само да се моли, нека се одлачи”.

Но тој канон не важи за Стефан, бидејќи Стефан и МПЦ се расколници, па како расколник очигледно Стефан работи на штета на Православието во Северна Македонија.

Видео: