Празниот ќуп – олицетворение на појавата на нивниот архиепископ;
Пајтонот – МПЦ како пајтон црква на мала група расколници, кои никој не ги зема за сериозно;
Сувите гранки и лисја – како оние што не дале плод и кои во „оган се фрлаат“;
Кумот – секогаш бизнисмен, всушност од секторот во кој е најдобра и самата МПЦ, зошто ја прогласија за „фирма на годината.

За сликата да биде целосна, МПЦ во Скопје годинава направиле макета на витлеемската пештера, и ја поставиле надвор од храмот, изедначувајќи ги на тој начин праведниот Јосиф, Пресвета Богородица и Богомладенецот Христос со “огласените” (некрстените, или на кои им е забрането да се причестуваат).

За какво “христијанство” тука станува збор, најдобро сведочи изјавата на нивниот т.н. здравичар:
“Иако влегувам во години, цело време сум во стабилна здравствена состојба. Тоа е добивката да се биде здравичар, бидејќи практично тој го праќа поздравот за здравје и бериќет до сите верници и до сите граѓани без разлика на нивната вероисповед. Во тешки услови денес, сметам дека се е во комбинација на здравје и опстанок, но и на проширена репродукција…”

Наш предлог: догодина да го заменат празниот ќуп со стар бојлер, полн со креч.

линк: