Колку шупливо звучат овие зборови од скриншотот, кога се изговорени од устата на еден расколник.

Инаку “љубовта” на расколникот Партенија и неговите од еМПеЦе-то го стави Архиепископот Охридски Јован да скапува во затвор, а љубовта Божја и на Соборната Црква го извади од таму нов. “Љубовта” на расколникот Партенија и еМПеЦе-то фрлаше во затвори, рушеше богослужбени места, палеше манастири, праќаше владици, свештеници, монахињи и верници по судови, тепаше попови и да не ги набројуваме нивните злодела врз Соборната Црква.

А притоа Партенија ниеднаш јавно не зуцна дека тоа што го прави не е добро, ниту се извини. А по што беа тие затворања на Архиепископот Јован поразлични од оние што на Христа му ги приредија Јудејците? Уште што не го распнаа.

Вели Евангелието – по делата ќе ги познаете.

Затоа да бидеме на чисто, љубов во раскол нема, во раскол сентишот е прогласен за “љубов”, којашто е само бледа, лицемерна насмевка.

Ние пак го сакаме Партенија ама не дозволуваме тоа да ни го поматува расудувањето.

Знаеме дека ќе си дадеме одговор пред Бога, и за ништо друго не сме против Партенија освен што сме против неговиот раскол, но само во едно се разликуваме, а тоа е дека не сме расколници и никогаш не сме одговориле со насилство на тоа што расколничката МПЦ стопати крена рака на Телото Христово Црквата.

Кој има грам расудување ќе разбере дека зборовите на Партенија звучат шупливо, кој нема ќе си живее во заблуда.