Секако дека читателите имаат право да читаат што сакаат, но на гурманите на пишаниот збор им препорачуваме, доколку сакаат, подобро да не се хранат со манипулациите и лагите на пуленката на Вале Божиновска (која во груевизмот повикуваше на ноќ на ножевите), значи да не се хранат со лагите кои Радмила Заревска ги тресе од нејзината неписменост (а, “Религија.мк” ги шири), затоа што така ќе си го расипат интелектуалното здравје.

Имено, Радмила (колку српски звучи ова име), пишува дека на СПЦ никој нема да ѝ дошол на прославата затоа што лажела дека има 800 години автокефалија.

СПЦ ги повлече поканите до другите помесни цркви заради проблемот со Украина, затоа што не сака на нејзина територија да се случи несослужување помеѓу Константинополската и Московската Патријаршија.

Инаку, на упатените им е јасно дека Вселенскиот Патријарх Вартоломеј јавно обзнани дека, како што рече, токму по повод 800 години од автокефалијата на СПЦ ќе воприличи литургиска прослава во Никеа, кадешто му е дадена автокефалијата на свети Сава од тогашниот вселенски патријарх.

Но, може ли човек да очекува да има образ пуленката на Вале Божиновска! Утре кога сите ќе дознаат дека Радмила лажела и кога ќе ја плукаат заради тоа, Радмила ќе си мисли дека врне. Толку од образот на пуленката.

Линк: