Дури и најзакоравените фанариоти меѓу православните богослови, па и самиот патријарх Вартоломеј (во своето последно интервју за белградска Политика), без исклучок признаваат две работи:

– дека самопрогласената автокефалија на расколничката МПЦ од 1967 година е политички чин против единството и соборноста на Црквата, и

– после томосот од 1922 година, Цариградската Патријаршија веќе нема никаква каноска надлежност врз територијата на Северна Македонија, која оттогаш и припаѓа на СПЦ.

Деновиве, во интервју за подгоричка “Антена-М”, истото го потврди и грчкиот православен теолог, д-р Димитриос Керамидас, инаку исклучително близок до еклисиолошките теории што во последно време агресивно ги форсираат од Фанар.

Затоа, ако расколничката МПЦ некогаш искрено посака да биде признаена и да стане дел од Соборното Православие, мора да прифати дека тоа нема како поинаку да ѝ се случи, без претходно да се покајат за пучот што го направија 1967 г., и потоа да пристапат во ПОА.

Линк: