Преку острастените дела на Партениј, државата влезе во анархија
(Божиновски: Благодатниот оган донесен во Бигорски со крвави пари од лихва и проституција)?

Арно гневот Божји сѐ уште не се излил од сите чаши на оваа земја заради острастениот расколнички игумен Партениј, кој не бира средства да го храни култот за себе како семоќен гуру кому не му е потребно да е во единство со Црквата, за да поседува сѐ што има Таа, па дури и благодатта Божја.

Читаме и не ни се верува до колку овој непокајан расколник е спремен да ги руга и најголемите светињи во функција на својата болна кауза. Замислете, се дрзнал да го купи и донесе благодатниот оган во својот манастир со приватен авион платен со крвави пари на познат лихвар и подведувач од Кичево, некој си Горан Трипуновски Ушко.

Зарем постапува така со светињите вистински побожен човек, па дури и да е во раскол или од сосема друга вера?

Наша должност е да ги предупредиме сите наивни кои се опиени од призорите што овој ги приредува дека благодатта Божја, било преку причеста или преку благодатниот оган, кога се призива на жртвениците кои се надвор од Телото Христово – Црквата, има ефект да ги спалува и погубува душите на оние кои ја примаат. Сите да си знаат дека делата на Партениј, неговите сентиментални изливи, му се мрски на Бога, бидејќи тој со расколот дејствително ја презира и отфрла жртвата Христова.

И уште нешто:
Ќе остане ли Ушко и директорот на КОВЗРГ во 15-дневен карантин, а потоа и тестирани за корона, затоа што со странски авион допатуваа од земја која има многу повеќе Covid-19 од нашата?