Ако Литиргијата му е најважна на еден монах, во случајов на отец Партениј, тогаш тоа за него нема цена и тој ќе влезе во соборната Црква за да се причестува во неа, а нема да се ценка ко на пазар, или не дај Боже, да умре чекајќи за да влезе во Црквата.

Со оваа изјава отец Партениј признава дека тие всушност се Македонска Протестантска Црква, која нема заедница во причеста со другите, туку ете, така служи за фолклор на одредени политичари.

МПЦ значи е во служба на политиката, не на Бога, бидејќи ги приведува луѓето во непричестување со другите православни, туку ги приведува да бидат келнери на одредени политичари, не на сите.

Почитуван игумен Партениј, ако сакате да се причестите во православната Црква, значи прво треба да станете православен. Што чекате? Покажете дека Православието ви е најважно од сè, дека тоа нема цена и така дајте им добар пример на другите.

Видео: