Веќе сите на расколничката МПЦ гледаат како на октроирана организација која безмилосно цица пари од државната каса, дури и во услови на тежок банкрот.

Во недостаток на суштина, земаа да глумат ревнители на формата во врска со одржувањето на празничните служби со присуство на “верниците” во услови на опасна епидемија и полициски час.

Што би рекол академик Владета Јеротиќ: “психијатриската патологија дава неброени примери за опасноста од т.н. морални идиоти кои се во состојба да направат вистински “покољ” околу себе, без да имаат трошка грижа на совеста.”

Со своето неодговорно однесување се претворија во голема соблазна и за интелегенцијата и воопшто за големо мноштво граѓани, давајќи така безброј поводи да се хули на православната вера.