Во Фанар знаат дека во Р. Македонија (во канонската јурисдикција на СПЦ), постои автономна Охридска Архиепископија (ПОА), која си има свој поглавар – Архиепископот Јован, и тука, од канонски аспект, во вршењето на светите тајни и можноста за спасение на верниот народ не постои никаков проблем за било кого. Без оглед дали станува збор за Србин, Македонец, Северномакедонец, Бугарин, Ром, или Грк, сеедно. Сите можат да пристапат кон чашата на спасението. Оттаму, не гледам дека постои можност за каков и да е изговор за мешање во канонската територија на Српската Црква.

Чувствувам обврска да повторам дека ние не сме ниту против Грците, ниту против Русите, ни за Грците, ни за Русите. Српската Црква е исклучиво за почитување на светите канони и за вековниот поредок востановен со тие канони.

Српската Црква, а верувам ни останатите Православни Цркви, нема да прифатат некаков си православен папа. Доколку би прифатиле такво нешто, би престанале да бидат православни. Српската Црква не го прифаќа, ниту ќе го прифати легализирањето на расколот во Украина како законита состојба, а уште повеќе нема да прифати доколку такви амбиции се појават на нејзиното канонско подрачје!

Повеќе: