Макар што самата појава на „духовен тоталитарист“, не е непозната и кај другите вери, православниот гуруизам може да ги привлече кон христијанството оние лица кои бараат решение за своите проблеми на еден магиски начин – вели отечката мисла.

Токму тоа се случува со споменатите „илјада души од сите краишта на земјата“, кои поитале кон Бигорскиот манастир, инстантно и од расколот да примат “обилен благослов од небесата”, а всушност добиле само ѕвечка без суштина која им ги мами сетилата, пренесена од игуменот Партениј, кој сè уште пребива во раскол и никој во Православието не го есапи за православен свештеномонах, ниту сослужува со него.

Трагични се сликите со заслепени верни души, кои потсетуваат на времето кога на Тито инфантилно му рецитираа песнички, а сега гледаме дека му рецитираат на игуменот Партениј за кого светителската изрека: “Спасувај се себе си и ќе спасиш уште илјада покрај себе“, дословно значи: „Заблудувај се себе си и илјада други ќе погубиш со себе“. Зошто од еден игумен во раскол, наместо Христа, на верниците им се нуди себепромоција, наместо Црквата, тој им нуди расцеп, наместо вера, нуди мит.

Митот за себе Партениј го гради, најпрво со лажната претстава дека некогаш бил светогорец и имал “голема синовска љубов кон таткото и учител Георгиј Капсанис“. Но, тој никогаш, ни една секунда не бил монах на Света Гора, ниту имал љубов кон старец Георгиј, инаку би останал до крај покрај него. Бил обичен гостин кој самоволно си отишол од старец Георгиј, за да стане расколнички монах и да биде награден со игуменство од расколничката МПЦ.

Љубовта, со бегство и тоа во раскол, не се изразува. Игуменот Партениј беше и остана вистински “заблуден син“, но не како оној евангелскиот кој се покаја, туку остана човек кој никогаш, и пред и по смртта на старец Георгиј, не се врати со покајание, барем за расколот во кој пребива.
Затоа неговиот “љубовен“ излив кон блаженоупокоениот старец е обична фарса која сите треба да ја разберат!

Што се однесува до неговиот симбол на верата – автокефалијата, која изгледа единствено му дава смисла на неговото постоење, иг. Партениј таа трагикомичната драма ја продолжи со додворувањето кон Цариград. Од голем Бугарин на кого егзархијата му беше мајка, сега стана уште поголем фанариот.

Но Цариградскиот патријарх “немал намера да се меша во јурисдикацијата на СПЦ“ на чија територија МПЦ го прави расколот, со што иг. Партениј уште повеќе го обрука својот образ. Ем се “продаде“, ем ништо не доби, освен што го покажа лицемерието и цената дека е “евтин“.

Сето ова го напишавме не дека имаме нешто против личноста на иг. Партениј, напротив, туку сме против лагата на расколот. Иг. Партениј треба да не биде Тито и да сфати дека има луѓе кои гледаат дека “царот е гол” и имаат храброст тоа да го кажат отворено и без омраза, со намера да помогнат.

Затоа, на расколничкиот иг. Партениј сè му е залудно додека не се врати на вистинскиот пат на спасителната Соборност, залудно му е и градењето “нови амбари“, зошто може да му биде побарана сметката, која тој со расколот тешко ќе може да ја плати.

Во врска со: