Калајџиев: Владата не ги третира сите верски заедници исто и знаеме дека некои верски лица (алудирајќи на Архиепископот охридски Јован) со години се влечеа по судови (и затвори, н.з.), а некои личности (читај Стефан) се практично недопирливи.

Доказ за ова тврдење на проф. Калајџиев е што во екот на големата здравствено – економска криза, расколничката МПЦ влезе и тоа во првиот круг одобрени владини мерки за поддршка на компаниите.

МПЦ, со одлука на Владата од 08. Април (која експресно, во истиот ден е објавена и во Службен весник, за да стапи во сила веднаш), доби неповратни средства во висина од 4.500.000,00 денари (и тоа е само квартален дел од многу поголемиот вкупен износ кој ќе го добие).

Целта на овие средства е: „да се обезбеди редовното и непречено функционирање на студиските програми“.

Зошто МПЦ и Владата го прават малоумно целото население, навистина е непознато.

Владино – ухлебените апологети ќе кажат: тоа била замисла уште од порано. А иронијата е дека, во време на многу поголеми приоритети, ова се спроведува токму сега, во пикот на кризата и тоа во првиот круг од владината помош кон субјектите; иако на сите ни е јасно како ден, дека денес, „редовно и непречено“ не можат да се спроведат студиските програми, бидејќи факултетите не работат и нема во скоро време ни да проработат. А наставниот кадар од МПЦ и онака е веќе згрижен зашто е во склоп на буџетарот УКИМ, па иако не оди на работа зема полна плата, независно од оваа мерка.

Затоа оваа финансиска исплата во ек на криза, многумина ја толкуваат како прикриено, но директно спонзорство на расколничката МПЦ. Прикриено, бидејќи Владата за тоа, дури ниту информираше во своето официјално соопштение од седницата на 08.04, туку го премолчи.
А директно помагање, затоа што сега, преку Теолошкиот факултет (кој не работи), МПЦ ќе биде во можност да „испере“ 4.500.000,00 денари за други свои потреби.

Затоа (веќе напишавме подолу), таа е неспособна верска организација за самостојно опстојување и е на штета на целото општество. Како духовна штета поради расколот, така и материјална поради зависноста од постојаните државно финансиски донации, иако по Устав е одвоена од државата.

Европската унија ѝ дава пари на Владата за да се справи со настанатата состојба, за Владата да ги дава на МПЦ, која пак ги „пере“ преку факултетот и којзнае каде ќе завршат. Прашање е дали воопшто се свесни во ЕУ за овие случувања, но еден ден сигурно ќе се свестат со кого имаат работа.

И во право се интелектуалците кога ќе констатираат дека сме далеку од правна држава, во која едните се третираат со огромни привилегии, а другите се прегазуваат.