Секој гледа дека расколничкиот игумен Партенија го бива за едно нешто, а тоа е да биде церемонијал мајстор и да си прави авиончиња, преоѓање граници (нели треба да се потпише за тоа дека нема после да се влезе три месеци во земјава) и да си прави театар со благодатниот оган со цел да не ја изгуби позицијата селебрити.

Но за нас во црквата уште едно нешто е видливо. Тој ја користи власта, демек за да ја штити Западна Северна Македонија од Албанците и само трупа пари и државни привилегии со што го презира народот кој гладува. И од кого би ја штител, па зар Албанците не се наши сограѓани и зар Северна Македонија не е и нивна татковина.

А веќе од Марс се гледа и дека Бигорски станува религиозна група различна од МПЦ. Благодатниот оган не оди кај Стефан туку кај претстојателот на религиозната група Партенија. Партенија служи со верници, Стефан без верници.

Расколнициве само формално се еден раскол, но во суштина се цепат меѓу себе на повеќе религиозни групи, па за религиозната група Бигорски не важи вонредна состојба, а за религиозната група МПЦ важи. Ни закон ни бутур туку „Дивљи Запад“ и како ќе си се договорат за политички поени. Ете на тоа е сведена државата.