Медиумите во Македонија, поведувајќи се по теолошки неписмениот и злонамерен жолт религиски печат, со простачки сензационализам го дочекаа писмото кое СПЦ го испратила до БПЦ, толкувајќи го пред јавноста како полно со навреди кон МПЦ.

За жал, на луѓето нема кој да им објасни дека никој го нема така понижено и обрукано Македонскиот народ, како што тоа го направија МПЦ со писмото до БПЦ, и премиерот Заев со писмото до Цариградската Патријаршија.

Тие со тоа, во црковно-канонска смисла ги прогласија Македонците за варвари кои никогаш досега не чуле за Словото Божје и кои допрва треба да бидат евангелизирани и крстени.

Во првиот случај со БПЦ трагикомично ја утнаа адресата, а со писмото до Цариградскиот Патријарх со кое го повикуваат да биде арбитар за нивниот случај, тие изгледа не се ни свесни дека според канонското право (28. правило на IV Вселенски Собор) и според преданието на Црквата, такво право и надлежност Цариградскиот Престол евентуално би можел да има врз териториите и народите кои претежно се незнабожечки.

Впрочем, и од самите реакции на Патријархот Вартоломеј, кој истакна дека “расколот (МПЦ) не смее да биде пречка цели народи да останат надвор од црковната вистина (т.е. варвари и незнабожци)”, и дека “расколите никогаш нема да бидат легализирани”, може лесно да се заклучи како МПЦ и Заев ги деранжираат Македонците пред Соборното Православие.

Линк: