Од овој став на Митрополитот ловчански Гаврил произлегува дека покрај името, расколничката МПЦ конечно ќе мора да го менува и нејзиниот Устав, во кој има напишано многу невистини, но и грабежи од историјата на други помесни цркви.

 

Еве го и останатиот дел од изјавата на Митрополитот Гаврил:
„Мнение на целата православна Црква е дека МПЦ е дел од Српската Православна Црква и затоа МПЦ може да добие автокефалија само од Српската Православна Црква или да биде свикан сеправославен Собор кој може да ја симне шизмата од неа.

Бугарската Православна Црква не може да ѝ стане Црква – мајка на МПЦ, зошто никој нема да го признае тоа решение. Тоа нема да има никаква смисла и има огромна опасност и ние да потпаднеме под шизма, ако си дозволиме такво решение. Ние немаме канонско право да ја симнеме шизмата од нив и да ги направиме автокефални. Но дури и да го направиме тоа, никоја црква тоа нема да го признае. Тоа е вистината.

А Српската Православна Црква може, затоа што во одреден историски момент, таа станала Мајка на МПЦ и тоа е признато од целиот православен свет, дека СПЦ е мајка црква на МПЦ канонски. Тоа е факт. И Вселенскиот патријарх признава дека Српската црква е мајка на МПЦ, инаку немаше да побара од Српската црква да ја тргне шизмата од МПЦ и да ја уважува шизмата кон МПЦ.
Ние многу сакаме на МПЦ да ѝ биде повлечена шизмата за да стане автокефална, но тоа мора да биде направено на канонски начин.

Исто така, во нивниот Устав пишува, дека МПЦ е наследник на историската Охридската Архиепископија. Но тоа не е така. Бугарската патријаршија –БПЦ е наследник на историската Охридската Архиепископија и тоа е вистината. И ако дојде ред да им се даде автокефалија, ние го имаме тој услов преку кој не може да поминеме“.