МПЦ некогаш беше црква, но 1967 г. својата сила ѝ ја отстапи на Комунистичката партија, па така до ден денешен со неа тотално анахроно си раководат политичарите. Кога ќе престане да ја имитира државата и кога ќе се врати во Соборноста, МПЦ тогаш повторно ќе стане Црква.

Во тој контекст, неколку реченици на светиот Николај Охридски и Жички:

“Црквата единствена го поседуваше вистинскиот лек, иако го беше подзаборавила, бидејќи и самата се разболе.

Наместо таа да му го дава на светот потребното лекарство, самата побара лек од светот.

Ослабена во својата улога во светот, и заборавајќи на сопствената вредност, Црквата, или одредени црковни организации, соработуваа со минливите сили на овој свет како би ја зајакнале својата моќ.

Историјата ни нуди како планини огромни сведоштва дека Црквата раслабувала секогаш кога ѝ ја отстапувала својата духовна снага на некоја минлива светска сила.

Црквата е таа која треба да му дава дух на државното уредување, а не да го имитира истото”.