Зошто сѐ уште Комунистичката МПЦ го нема решено својот црковен проблем, и после 50 години пребивање во расколничката состојба? Некој ќе речеше дека тоа не можело да се реши долгу време заради комунизмот. Но, комунизмот пропадна. КМПЦ не може да го реши проблемот оти таа никогаш не ни престанала да биде комуњарска.

Што комунизмот не можел да си дозволи? Издржана критика.
Оној што ќе ја критикуваше КПЈ ќе завршеше на робија. КМПЦ не се разбудила од 1967 г., од комунистичкиот сон. Не дозволува никаква критика да слушне.

Затоа е во раскол сѐ уште. Затоа што не ги слушала и не ги слуша најдобронамерните критики од целото Православие, во врска со нејзиниот самосоздаден непотребен проблем.

КМПЦ саатот отчукува, кога ќе се разбудиш? До кога ќе сонуваш?
Стани облечи се и врати се во Соборното Православие, каде сите ќе те дочекаат со радост.