Единствената доктрина за оправдување на расколот во изминатите две децении МПЦ ја базираше на проблемот со името на државата. Сите позначајни членови од МПЦ имаат дадено придонес на оваа тема, а последно впечатливо беше тврдењето на г. Петар, кој кажа: „Вистината за нашата автокефалност, воопшто не е од догматски или од канонски карактер, туку, тоа е исклучиво политичко прашање, и е исклучиво врзано со името на нашата држава и нашата црква. Тоа на сите им е јасно, и на пилињата им е јасно дека е така“.

Наспроти овие тврдења, Соборно Правослвие долго време ја упатуваше МПЦ да не се затскрива зад измислените проблеми со „името“, туку на канонски начин да ја исправи неправдата направена со пучот од минатиот век.
Долго време ги прашувавме челниците на МПЦ, што ќе се случи со нивните лаги кога навистина, еден ден Р. Македонија ќе го смени името?

И ете, дојде тој ден, државата се преименува, ги започна интегративните процеси, но со тоа не се реши автоматски проблемот на МПЦ, туку таа остана во раскол.

Сега што, зар ќе понесе МПЦ одговорност поради тоа? Ќе даде ли некој отчет зошто ги држел верниците во заблуда толку време? Но, ќе имаат ли и верниците смелост да побараат одговорност од своите духовници поради лагите за „името“ и поради расколот во кои се наоѓаат?

За жал, ништо од ова нема да се случи.
По лагите за „името“ – ќе следуваат нови лаги, веројатно за „признавање“ по украински терк. Прелажаните – ќе останат да живат во прелагата. Расколот – ќе продолжи да биде раскол.
Сонцето ќе зајде – и повторно ќе изгрее.

Во врска со: