До расколниците од непризнатата МПЦ, да знаат што ги чека ако продолжат да се надеваат на политичко решавање на нивниот раскол.

По одлуката на Вселенската Патријаршија за назначување свои егзарси во Украина, следуваат изјави на поглавари и јерарси од 11 канонски цркви, за поддршка на Руската Црква по прашањето за автокефалноста на украинските расколници. Изјавите се апсолутно транспарентни и недвосмислено толкувани.

Патријарх Ерусалимски Теофил:

“Единството на Црквата Христова е дар на Светиот Дух. Ние сме повикани да го заштитиме и сочуваме. Рушењето на ова единство е сериозен престап. Ние категорично ги осудуваме дејствијата насочени против парохиите на канонската православна црква во Украина. Не е ни чудо, што светите отци на Црквата нè потсетуваат дека рушењето на единството на Црквата е смртен грев”.

Архиепископ Севастиски Теодосиј (Ерусалимска патријаршија):

“Православната црква во светот, вклучувајќи го и Ерусалим, ја признава само канонската Руска Православна Црква во Украина, на чело со Митрополитот Онуфриј; тој е член на Светиот Синод на РПЦ. Ние ги поддржуваме сите напори да се стави крај на расколот во украинската црква. Православна Црква е место за љубовта, мирот и единството, а не на расколот и омразата“.

Патријарх Александриски и на цела Африка Теодор II:

“Да се молиме на Господа, кој дава сè за наше добро и кој ќе нè води по патот за решавање на овие проблеми. Ако расколникот Денисенко сака да се врати во лоното на Црквата, тој мора да се врати, од таму, од каде што заминал. Господ е милостив кон сите што ќе се покајат, Црквата простува и ги прифаќа сите покајани со мајчинска прегратка. ”

Патријарх грузиски Илија:

“Неговата Светост не се согласува со Вселенската Патријаршија во врска со Украина, бидејќи ја поддржува само легитимната црква предводена од Митрополитот Онуфриј”.

Патријарх српски Иринеј:

“Многу опасна, па дури и катастрофална ситуација и фатална за единството на Православието. Тоа е акт на чествување и враќање на расколниците во ранг на епископи, особено на архи-расколникот, како што е “киевскиот патријарх” Филарет Денисенко. Тоа е воведување во литургиска служба и причестие без покајание и без враќање во лоното на Руската Црква, од кои се откажаа. И сето ова е без согласност на Москва и без координација со нив”.

Светиот синод на Српската Православна Црква:

“Изразуваме целосна солидарност и сочувствителна братска љубов со нашата сестринска-маченичка Украинска Црква, која е подложена на најтешки прогонства од режимот во Киев”.

Светиот синод на Полската Православна Црква:

“Ние, како Полска Православна Црква изразуваме јасен став, дека црковниот живот на канонската Црква треба да се заснова на начелата на Православието и светите канони. Рушење на овие принципи води до хаос во црковниот живот. Во Украина, постојат одредени расколнички групи, кои мора прво да се покајат и да се вратат во лоното на канонската Црква. Дури потоа ќе биде можно да се разговара за автокефалија. Не можеме да бидеме водени од политичката конјунктура во однос на догмите и каноните”.

Митрополитот на чешките и словачки земји Ростислав:

“Расколот, предизвикан од човечкиот егоизам, може да се излечи само со покајание и враќање во лоното на Црквата. Новата автокефалија треба да биде резултат на општ консензус”.

Патријарх бугарски Неофит:

“Отсекогаш имав многу добри односи со Митрополитот Онуфриј. Знаеме дека тој го љуби Украинскиот народ и смирено работи во корист на народот и на сите православни христијани. Ние се молиме, Господ да му даде сила и здравје, за да ги издржи сите искушенија што Господ ги испратил и што тој достоинствено ги совладува”.

Митрополит ловќенски, Гаврил (Бугарска Црква):

“Во расколот не постои Божја благодат. И без Божјата благодат нема Црква. Луѓето се должни да се вратат во канонската црква, каде што има благодат и спасение. Расколот е штетна и злокобна појава”.

Митрополитот на Китрос и Катерини Георгиј (Грчка Црква):

“Грчката Православна Црква, како и сите други цркви во светот, ја признава само канонската Украинска православна црква, предводена од митрополитот Онуфриј“.

Митрополит Лимасолски, Атанасиј (Кипарска Црква):

“Најпрво, прашањето за автокефалноста треба да се упати до Московскиот Патријарх, во чија надлежност е УПЦ, а потоа до канонската украинска црква, па потоа до сите православни цркви, со инструкција од Вселенската Патријаршија. Но, првиот збор е за Мајката на Украинската Црква, која е Московската Патријаршија. Руската Црква го има првиот збор во овој процес.

Каква врска има Вселенската патријаршија со расколот на Филарет? Како да се надмине? -Ние сакаме нашите браќа, сега расколници, да се вратат во Црквата, под раководство на Митрополитот Онуфриј. Ова е единствена канонска црква во Украина, обединети со Московската Патријаршија, како и со сите Православни Цркви. За ова се молиме”.

Архиерејски Синод на Руската Православна Задгранична Црква:

“Со оваа изјава, ја изразуваме нашата целосна поддршка за Митрополитот Онуфриј, заедно со сите свои архиереи, свештенство, монаштво и верен народ, обединети во канонската Украинската Православна Црква, кои со љубов се приклонија кон исповедничка борба. Световниот авторитет, не треба да биде пречка за црковниот живот. Овие обиди да се влијае на црквата од надвор – укажува на длабоките нецрковни мотиви и целите на оние кои се обидуваат да ги држат во живот”.

Линк: