Расколничкиот архимандрит Григориј Настевски пишува: “Врховистички провокации кон Македонија и кон Охридската архиепископија 😊 МПЦ) не прекинале да постојат до ден денес; Барањето, пак, Бугарската (Трновска) патријаршија да биде мајка Црква на МПЦ (Охридската архиепископија[8]), во чијшто Устав е инкорпорирана, прво е преседан (и парадокс), второ е девастирачко‒бугарофилска тенеденција што никако не води кон самостојна Македонска Црква;

…во МПЦ‒ОА, свесно или несвесно, што не е небитно во моментот, се толерираат петоколонаши, кои ТАЈНО КООРДИНИРААТ СУБВЕРЗИВНИ ДЕЈСТВА по налог на други држави и по налог на други ППЦ, против МПЦ и против Македонскиот народ, притоа тие лажно претставувајќи се како лојални граѓани. Всушност, на таквите им се дозволува да спроведуваат непријателски политики, вршејќи саботажа и активности коишто имаат цел да предизвикаат конфузија и деморализација во редовите на Македонските граѓани и на верниците од МПЦ‒ОА.”