Вријат социјалните мрежи и сите се прашуваат: важат ли за овие од Бигорскиот манастир законите на државата и имаат ли барем грам општествена одговорност, зашто вера и онака немаат поради расколот во однос на Православието во кој се наоѓаат.

В.Д. расколничкиот „архиепископ“ на МПЦ, Партениј (бар така се доживува човекот), вчера собра 100 пати повеќе народ од актуелниот расколнички архиепископ Стефан. И никому ништо, ни полицискискиот час важеше за него, ни правилата за однесување во услови на пандемија, ни ништо друго.

Гледавме само набиени фанатици еден врз друг без никаква лична заштитна опрема. Тоа е она што академик Владета Јеротиќ го вика: „психијатриската патологија дава неброени примери за опасност од т.н. морални идиоти кои се во состојба да направат вистински “покољ” околу себе, без да имаат трошка грижа на совеста.”

Во соопштението од неговата расколничка обител денес се вели: „сите дојдени од овде, од онде, се дел од едно наше големо семејство“…

Па зар ние другите верници, немаме свои семејства? Не можевме ли и ние да го направивме истото? Но, сепак покажавме жртва со тоа што не излеговме. Жртва заради другите.
Е, тоа е љубов, која, оваа расколничка дружина не може да ја поими. А, не е љубов да се поистоветуваш со власта и да се однесуваш така арогантно во време кога сите се во полициски час поради смртоносна заразна болест.

Затоа расколникот тоа не го сфаќа, зошто нема љубов, туку има само гордост (со која телевизиски се перчи), на која ни вирусот „не ѝ може ништо“. Расколникот е всушност и над Бога, а камо ли над еден мал вирус.

Соборно Православие ги повикува надлежните институции и сите други организации кои се борат за функционирање на правото под итно да преземат најригорозни мерки кон сите присутни во ова вчерашно расколничко собиралиште, според пропишаните закони за повреда на вонредните мерки во услови на пандемија од смртоносна болест.