Специјалниот известувач на Организацијата на Обединетите Нации, г-динот Ахмед Шахид, во својот извештај до „Советот за заштита на човековите права при ООН“, констатира фактичко нарушување на правата за слобода на вероисповед на членовите на Православната Охридска Архиепископија (ПОА), од страна на властите во Република Северна Македонија.

Извештајот е поднесен во првата половина на годинава, а одредени средства за информирање деновиве ја објавија неговата содржина.

Во извештајот се истакнува вознемиреноста на експертите за човекови права од тоа што конкурентската појава на ПОА се третира како чин на поттикнување религиозна нетрпеливост.

Известувачот на ООН, ја изразува својата вџашеност што првостепениот суд му судел на Архиепископот охридски г.г. Јован за поттикнување на верска омраза во околности кога насилство врз верска основа било извршено од страна на членови на МПЦ, токму врз Архиепископот охридски г.г. Јован и врз припадниците на ПОА!

Ваквата оценка во извештајот, според зборовите на известувачот, сведочи дека „чудните судски одлуки, во државите, чиишто влади ги поддржуваат не-канонските верски формации (МПЦ, н.з.), и се обидуваат да ги нарушат правата и интересите на верниците, стануваат предмет на меѓународни скандали и негативно влијаат на меѓународниот рејтинг на државата (Северна Македонија, н.з.) на чијашто територија властите ги прогонуваат верските водачи за да ги задоволат расколничките групи“!

Линк: