Меѓу народот постои голема загриженост што работи митрополитот Наум, бидејќи помеѓу неговата патства е сè помалку присутен, речиси го нема, но затоа е сè повеќе присутен во криминалните афери.

Според пишувањето на Доказ.мк, Наум бил заплеткан во аферата „Рекет“, остварувајќи средба за „релативизирање“ на приликите на еден од актерите, а сега, според тврдењето на истакнатиот член на ВМРО, Пандов, Наум е исто така ставен во контекст, овој пат во т.н. афера „Рекет 2“, во која владините претставници „изнудуваат месечен рекет од 60.000 еура кои биле носени во Струмица“.

Ако на расколничкиот митрополит Наум образот му е чист, треба веднаш да се појави во јавноста и овие шокантни вести за него конечно да ги демантира.

Ако не, барем нека каже дали преку него владините претставници переле пари или рекетот го земале од „ревнителски“ побуди, како донација на неговата епархија според познатата шема “едно евро за Наум, едно за Вицето”?