По 18 години прогон на граѓанските права и верски слободи на ПОА од страна на властите на С. Македонија, можеме веќе од некоја временска дистанца да изнесеме противаргументи од страна на институциите надвор од РСМ, како и од јавните личности во нашата земја, за бесмислените и политички монтирани процеси.

Архиепископот охрдиски и Митрополит скопски г. Јован ѝ е познат на пошироката јавност и во нашата земја, по екстремно негативна кампања која ја вршеа заедно: властите, расколничката МПЦ, институциите и дел од новинарите.

Од странските институции, во врска со монтираните судски процеси, против Архиепископот охридски Јован и верниците на ПОА, од 2004 година се имаат огласено:

Стејт Департмант на САД, кој секоја година ја спомнува ПОА, како и нејзиниот претстоител со извештаи дека му се ,,загрозени верски и граѓански права“;

“Амнести Интернешнл”, во 2005 г. има објавено дека Архиепископот Јован е ,,затвореник на совеста“;

,,Форум 18“ (организација за човечки и верски права во Норвешка) има 21 извештај за ПОА и за нејзиниот предстоител;

“Фридом Хаус” со години известува за нарушени верски права во државава;

Хелсиншкиот комитет во нашата земја исто така зборува за нарушени права на припадниците на ПОА.

Судот во Бугарија, која е членка на Европска Унија одби да го екстрадицира Архиепископот Јован, во 2010 г., бидејќи констатира дека судскиот процес против Архиепископот Јован е монтиран од страна на политичарите на Р. Македонија.

Судот во Стразбур во процесот кој се водеше помеѓу FYROM и канонската ПОА, пресуди во корист на ПОА. Судската пресуда од Стразбур не се спроведува две година.

Светскиот Сојуз на Црквите исто така му даде поддршка на Архиепископот Јован. Секако, поддршката дојде и од сите помесни православни Цркви.

Во државава, Стојан Андов, прв председател на плуралистичкото Собрание на Р. Македонија има изјавено: ,,Пресудите за Архиепископот Јован за цивилизираниот свет се неразбирливи“ (Фокус, бр 942, од 25.10. 2013 г.).

Љубчо Георгиевски, поранешен Премиер на Р. Македонија, кажа дека Архиепископот Јован е политички затвореник, и дека црковното прашање треба да се решава со дијалог а не со затворање монаси. ,Фокус” (бр. 891/892, 27.07.2012) како и на телевизија А1оn, 30.05.2012 г.

Во 2010 г. Проф. др Мирјана Најчевска, во своето предавање изнесе факт дека судскиот процес со Архиепископот Јован е школски пример за државна тортура. The authorities used the detention as a means of torture against Archbishop Jovan, универзитетски професор др Мирјана Најчевска, на јутјуб: https://www.youtube.com/watch?v=xbKTNAGBfuA

Доколку политичарите се сметаат за мислечки битија, тогаш секој треба да се запраша дали е вистина гореспомнатото.

Општествово може да напредува само доколку се трудиме да ги пронаоѓаме аномалиите во него, и доколку коренито го исправаме.

Со наивното верување на убаво спакувани лаги, или со незаинтересираност за вистината никогаш нема да може да постои никаков напредок.