Дваесет години откако дедо Стефан се претстави на чело на расколот. Две децении крајна пасивност што се граничи со мртвило.

Судејќи според неактивноста и неделата кон ПОА, човеков буквално ко да умрел пред дваесет години, бидејќи оттогаш, освен мизерните афери (хотел Изгрев, Говрлево, и т.н.), нема ништо сторено кое би му служело на чест, та, по повод јубилејов, да биде кажано и запаметено во врска со него.

Иако веќе 20 години носи титула како да е архиепископ, поради упорното држење до мртвилото на расколот, а заради туѓи политички интереси кои немаат никаква врска со идентитетот на народот, нему јубилејот практично и нема кој да му го честита, ниту литургиски со него да го прославува како брат и сопретстојател на помесна православна црква.

Затоа, одбележувањето на оваа годишнина повеќе прилега на комеморација, на повикување духови и сеќавања за некој што веќе одамна не е меѓу нас, кој носи име како да е жив, а делата му се мртви, та, уште додека е жив, избледел од нашата свест.

Таквиот впечаток го засилува и тоа што централниот настан (за јубилејот) на Стефан му го приредуваат од МАНУ, и самата мртва, институција-близначка на МПЦ, двете реликти од комунистичкото минато на нацијата Македонци/Северна Македонија.

Линк: