Во Украина, паралелно со жестокиот верски прогон на канонската црква, во тек е предизборна “Томос-турнеја” во која Порошенко патува низ земјата со томосот издаден од Патријархот Вартоломеј за автокефалијата на ПЦУ, што како политички памфлет и трофеј им го покажува на гласачите. Ова го поттикнало германскиот печат да се пошегува: Порошенко го користи Господ Бог за да победи на претседателската трка.

Сака ли МПЦ да стане “полнокрвна” црква, или да остане само карикатура на политиката?! Да им служат на политичарите како мечки кои играат на дајре?!