Веста за малтретирањето кое државата му го приредува на архиепископот Јован и на ПОА ја дозна целата демократска јавност кај нас и во странство.
Како што се гледа на Тime.mk (види ја фотографијата), од насловите на порталите јасно е дека во земјава владее невиден правен хаос.
Едни се прашуваат зошто архиепископот Јован останал без пасошот, други велат дека пасошот му го одзел судот, трети дека пасошот му е одземен од МВР, четврти…
Ваков правен хаос и ваква дискриминација по верска основа како што спроведува владата на Заев и ваков примитивизам веќе не е својствен ни за Тунгузија а не за земја што се чалами дека ќе влезе во ЕУ и НАТО.
Ако со ваквата верска дискриминација и газењето на човековите права владата на Заев влезе во ЕУ и НАТО за очекување е веќе следниот ден сите други земји да излезат од таму и само Р. Македонија да остане ЕУ и НАТО.