Поглаварот на непризнатта и гетоизирана МПЦ, не знаејќи како да го потроши денот, се разшета на средби за да се слика и одлучи повторно да лицемери, честитајќи му на премиерот за промената на името на државата, со цел влез во НАТО.

А претходно толку плачеше кутриот да не се менува името на државата. Но не беше само тој. Целиот, т.н. Архиепископски црковно-народен собор донесе едногласна ОДЛУКА за неменување на името на државата, по никоја цена. Значи станува збор за одлука која самиот г.г. Стефан ја донесе и денес плукна на неа. Овој човек нема ниту еден став во животот на кој му останал доследен.

Прашањата што треба да му се поставуваат сега на г.г. Стефан се следниве:

Со оглед дека во Уставот на државата не може повеќе да стои “Македонска”, како ќе му се вика непризнатата црква, која е запишана во Уставот како “Македонска”?

И, зошто му требаа 17 години глупирање, за да сфати и да дојде на тоа што пред речиси две децении му го зборуваше Архиепископот охридски Јован, кое се покажа како единствено исправно за црквата?

повеќе: