Најголемата заблуда за расколот која МПЦ со години ја продава меѓу верниците, за „неменување на името на државата“, веќе на сите им е јасна.

Граѓаните ја повикуваат МПЦ на одговорност. И со право, зошто низ годиниве, без исклучок, сите политичари и јавноста ја доживуваа, а и самата МПЦ себеси се нарекуваше „чувар на македонскиот национален идентитет“, „чувар и бранител на народот пред туѓите влијанија“, за денес, кога се менува името на државата, МПЦ никаде да ја нема. Зошто сега МПЦ молчи кога е потребно да се произнесе?

Ќе издвоиме само неколку изјави на оваа тема на припадници на МПЦ, што назад низ годиниве беа медиумски форсирани како исклучително важни во своето време:

10.2005г.: „Највисокиот законодавен орган на МПЦ (Црковно-народниот собор) остро се противставува на секаква промена на името Република Македонија. Упатуваме порака до сите домашни и меѓународни институции, дека нема да се согласиме со прифаќање на име поинакво од уставното“.
01.2006г., г.Петар: „Непризнавањето на МПЦ исклучиво е мотивирано од нерешеното прашање со името на државата“.
12.2007г., г.Тимотеј: „Македонската Православна Црква жестоко ќе реагира на прифаќањето на евентуална промена на уставното име на Република Македонија“.
03.2010г., г.г. Стефан: „Името на Република Македонија не смее да дозволиме да се менува!“
10.2010г., г. Агатангел: „Доколку дојде до гласање, да кажете „не“, нема промена на името, наше древно македонско. Должност е одбрана на земјата и името бидејќи, името е дадено од Бога и над 70 пати во Библијата е спомнато“.
2014г., г.Јосиф кумановски,: „Името на државата не е своина само на нејзината актуелна генерација, туку подеднакво им припаѓа на генерациите кои поминале и на оние кои доаѓаат. Затоа, ваквото прашање е беспредметно и не смееме да си дозволиме да одлучуваме во име на другите“.
2018г., г.Пимен: МПЦ нема да го прифати новото име за Македонија, како и да е предлогот што ќе го договорат македонската и грчката страна.

Ако покрај сè што направија владиците на МПЦ низ годиниве (дури и својот расколнички статус не го решија поради името, затскривајќи се зад него), сега не се вклучат активно во целата пред-референдумската кампања за сочувување на името и не останат доследни во она што со години го проповедаа во народот – важноста на името, само уште еднаш ќе потврдат дека се големи лажни апостоли и на верата и на државата, дека се целосно компромитирани и во еден робовско-зависен однос од секоја политичка гарнитура која била, која е и која ќе дојде во иднина. Токму затоа, МПЦ не е призната црква.

Со пропаѓање, односно со разобличување на сите нејзини манипулации околу името, МПЦ, целосно ќе ја изгуби својата основа и суштина, дури и како национална организација. Нејзиното постоење ќе стане целосно бесмислено.