Многу скапи и навредливи етикети од типот дека станува збор за “апостолска посета” (ко луѓето тука да не се христијанизирани, та сега папата ќе ги христијанизирал), па дека римскиот папа “ја препознал потребата на црквата и народот за охрабрување”, како и повици дека “бесплатни билети ќе има најдоцна до 3 мај”, се дел од рекламниот спот, платен со наши пари, а со кој Владата, во стилот на маркетите со стока за широка потрошувачка, ги повикува првенствено припадниците на расколничката државно спонзорирана МПЦ, преку учество во римокатоличка миса, бесплатно да си ја сменат верата.

Во МПЦ штама. МПЦ со ниту еден збор досега не ги повикаа своите верници да не се откажуваат од нивната вера и да не одат кај папата на друговерна миса. Оттука логично е дека сето ова се случува со нивен “преќутен” благослов.

Да дојдеше папата само како претседател на Ватикан во посета на нашиот претседател, тоа сосема ќе беше нормално, зошто да не дури и пожелно.

Но да служи миса на плоштад, а МПЦ која никогаш не служела на тој плоштад да си молчи, тоа значи дека МПЦ е соучесник во ова срамно предавство на верата.

Во земја пропаднаа дедо Стефан, Партениј и останатата МПЦ-булумента. Никаде ги нема на спотот за доаѓањето на папата, да одговорат со нивни спот и да ги предупредат своите расколници на душепогубната опасност од учеството во римската миса, на кое ги намамува Владата. Дали можеби веќе се токмат да ја отфрлат расколничката во замена за папската вера.

Сепак оние објективните сега гледаат колку им чини верата на владиците на расколничката МПЦ. Јасно им е сега дека дедо Стефан и МПЦ не постојат за да утврдуваат во Православието, туку само за да ги преведат луѓето жедни преку вода. Тезга, де.

Од ова што се случува со “преќутниот” благослов на МПЦ нивните верници да одат на друговерна миса, веќе сите треба да се освестат дека во расколот на МПЦ остануваат само духовни провинцијалци.

Кампањата со летоци по становите, со автобуси со ликот на папата е толку невкусно и скапо агресивна, бетер од оние на Јеховините сведоци. Штом од Владата до толку ги потценуваат луѓето, тогаш нека знаат дека постои и различно мислење кое гласи – граѓани кои не сте римокатолици не одете на римска миса (особено да не одите по партиска директива), зашто “благословот” од еретик не може да ви донесе ништо добро.

Власта лаже дека прави дострели, и затоа ќе се нацрта на мисата, а потоа и во расколничките храмови за празниците, но и ќе продолжи да ги гони инакумислечките во верата како во средниот век.

А МПЦ, што да се каже за нив освен дека еднаш засекогаш си ја ставија верата на голем попуст и распродажба.