Владата на Заев се бори против регистрацијата на ПОА. Под влијание на Заев засега дејствува и судот. Така, владата и судот уиграно и со умисла ги газат верските слободи во земјава.

Во земјава е регистрирана организација која самата се нарекува “Црква на Исус Христос” (види фотографија).

Притоа и останатите христијански деноминации се сметаат за цркви на Исус Христос, но ете оваа дејствува како таква во центарот на Скопје.

За нас како христијани тоа не е проблем. Напротив, во едно секуларно општество секој треба да има право да се регистрира.

Сепак очигледно владата на Заев е селективна во однос на почитувањето на верските слободи. На едни им дава монопол на името “Црква на Исус Христос”, а други како ПОА ги влече по судови, одзема пасоши, прави се да ја забошоти регистрацијата…

Пораката на ЕУ до Заев за идниот јуни е јасна: џабе ви е сè ако не постигнете владеење на правото и правна сигурност за секого. Оттука и за припадниците на Православната Охридска Архиепископија.