По повод одбележувањето на 10 Декември – Меѓународниот ден на човековите права, Соборно Православие поставува бројчаник, со кој уште еднаш ја известува јавноста дека поминаа повеќе од 750 денови откако ЕСЧП ја осуди Северна Македонија, односно ја задолжи да ја исправи неправдата од нерегистрирањето на Православната Охридска Архиепископија.

Во пресудата на Судот од Стразбур беше наведено дека С. Македонија ги прекршила Членот 9 и Членот 11 од Европската конвенција за заштита на човековите права, односно ги повредила слободата на мислата, совеста и религијата и слободата на здружување, како европски вредности кои била обврзана да ги почитува согласно меѓународното право.

Сè додека не се почитуваат овие членови (9 и 11) од Европската конвенција за човековите права и не се извршуваат одлуките на Европскиот суд за човекови права (Членот 3 од Закон за извршувањето на одлуките на ЕСЧП), Северна Македонија во очите на меѓународната заедница, ќе остане држава во која не владее правото и која води погубна политика во однос на елементарните, меѓународно-признати човекови права.