Архиепископот охридски Јован во интервју за „Вечерње Новости“, зборува за актуелните случувања со доаѓањето на папата, за курсот кој власта го завзема против Европската Унија со неспроведувањето на одлуките на судот од Стразбур, потоа за проблемите на непризнатата МПЦ…:

Доаѓањето на папата не би било спорно, но станува спорно затоа што пред десетина години на барање на Православната Охридска Архиепископија да ја посети Патријархот српски, власта ја забрани таа посета. Е, тоа се нарекува дискриминација, и тоа на верска основа. Таа дискриминација постои и денес, бидејќи судот одбива да ја спроведе пресудата на Европскиот суд за човекови права од Стразбур, кој донесе пресуда против нашата држава и согласно на таа пресуда, скопскиот суд мора да ја регистрира Православната Охридска Архиепископија.

Новинарите во Република Северна Македонија се толку неупатени во црковните прашања, што досега не се обиделе да дознаат и да објават дека папата доаѓа и на повик на МПЦ, која е во раскол со сите православни.

Епископите во расколничката МПЦ се целосно неинформирани што се случува во православната Црква. Не е ни чудо зошто се толку неупатени и самонаречените аналитичари во Р. Северна Македонија, кои пишуваат на црковни теми, но никогаш не напишале нешто точно и аналитички, туку само навивачки, покажувајќи го своето незнаење.

Прво МПЦ погреши и многу се обрука кога побара од Бугарската Православна Црква да ѝ биде мајка. Како мајката да може да се менува. Втор пат погреши што побара од Константинополската Патријаршија да ѝ признае автокефалија, а Константинополската Патријаршија повеќе не би можела сама да раздава автокефалија, без согласност и од другите православни цркви, а притоа да не предизвика раскол во православната Црква.

На предсоборските и подготвителни советувања за Светиот и Велик Собор на Крит, кој веќе се оджа во 2016 г., Константинополската Патријаршија се беше согласила дека при доделување на автокефалија на некоја Црква, треба да бидат согласни и сите помесни автокефални Цркви. Затоа ова признавање на расколничката Украинска православна црква не може да биде прифатено, а при тоа да не направи голем раскол во православната Црква.

Согласно на нашите информации, веќе е одговорено и од страна на БПЦ и од страна на Константинополската Патријаршија, дека нема да им се признае автокефалија на МПЦ, но расколниците тоа го кријат од јавноста, бидејќи тоа е најголемата брука која ја имаат доживеано во последните седумнаесет години.

Целото интервју можете да го прочитате на: