Заев мисли дека само МПЦ е црква, па одработувајќи за непризнатата МПЦ заборава дека во суштина ја гони Соборната Црква на која тој и МПЦ не припаѓаат.

Со владината жалба против одлуката на Европскиот суд за човекови права од која јасно се гледа дека државата ја гони ПОА, со одземањето на пасошот на архиепископот Јован со антидемократското штитење на монополот на непризнатата МПЦ на сметка на сите други и со малтретирањата врз ПОА на верска основа, Заев жестоко удира по Соборната Црква.

Ако не почне да ја практикува демократската придобивка т.е. да ги почитува на дело верските слободи на сите граѓани, тоа удирање по Соборната Црква чиј неоткинлив дел е ПОА, ќе му се удри од глава. Како и на неговите претходници.

Линк: